Газда на маркет малтретирал деца откако ги фатил како крадат чоколадно млеко во Охрид
Во СВР Охрид, три лица на возраст од 45, 45 и 35 години од Охрид пријавиле дека нивните малолетни деца биле физички малтретирани откако претходно извршиле кражба во маркет во градот. Според пријавата, инцидентот се случил на 9 мај околу 17 часот, кога децата украле чоколадно млеко од маркет во Охрид, по што сопственикот на маркетот и едно женско лице физички ги нападнале. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.