Товарно возило излетало од патот кај Ореовец, загина 58-годишен возач од Битола
Вчера, во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат Градско- Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес“ со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. The post Товарно возило излетало од патот кај Ореовец, загина 58-годишен возач од Битола appeared first on Независен Весник .
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.