Премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи владината делегација во работната посета на САД, денеска во Вашингтон остварил средби со конгресменката Клаудиа Тени и со конгресменот Кит Селф. - Остварена средба со конгресменката Клаудиа Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. На средбата разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји - објави премиерот Мицкоски на Фејсбук. Мицкоски во објавата додава дека посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка. Освен со конгресменката републиканка Тени, Мицкоски се сретнал и со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. - На средбата разговаравме за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за нашите две држави - д