Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар
Вкупно 551 прваче денес за првпат седна во училишните клупи во осумте општински основни училишта на територијата на Општина Центар, со што официјално започна новата учебна 2026/2027 година. По повод првиот училишен ден, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети ООУ „11 Октомври“, каде ги поздрави првачињата, родителите и наставниците и им посака среќен и успешен почеток на новата учебна година. - Денес е голем ден за нашите првачиња и нивните семејства, ден кој се случува само еднаш и се памети цел живот. И јас добро го паметам тоа чувство кога моите синови Стефан и Борјан за првпат го пречекорија училишниот праг. Денес нашите 551 прваче започнуваат едно од најубавите животни патувања. Ќе учат, ќе стекнуваат нови другарства, ќе го откриваат светот и ќе растат во личности со свои соништа, идеи и вредности. Наша обврска е да им ги создадеме најдобрите можни услови на тој пат- истакна Герасимовски. Општина Центар, додаде, и оваа учебна година продолжува со мерките за поддршка на учениците и нивните семејства. Сите првачиња добиваат бесплатни ранци, додека за учениците од прво до деветто одделение се обезбедуваат бесплатни училишни униформи. Од оваа учебна година
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.