Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање, за кој се поднесени над 200 амандмани. - Ребалансот на буџетот за 2026 година не произлегува од недостигот на приходи или од нарушена ликвидност на буџетот, туку е резултат на потребата да се усогласат буџетските проекции со новите економски услови, да се обезбедат дополнителни средства за законските обврски што значат редовна исплата на платите во секторите во кои е обезбеден раст, повеќе средства за дополнителна поддршка за земјоделството, социјалната заштита и за општините, како и дополнителни средства за забрзување на инвестицискиот циклус, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера на првиот ден од расправата. Опозициските пратеници оценија дека со ребалансот не се адресираат клучните предизвици со кои се соочуваат граѓаните, додека пратениците од власта посочија дека промените на буџетската каса овозможуваат дополнително зајакнување на економските состојби, прилагодување на реалните економски движења, реализација на развојни проекти. Со предложениот ребаланс вкупните приходи се ревидираат