Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска демантира дека имал билатерална средба со новоименуваната министерка за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, појаснувајќи дека станувало збор за кратка размена на зборови на маргините на настан. Муцунски нагласи дека не станува збор за официјален состанок, реагирајќи на изјавата на неговата бугарска колешка. - Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува „средба“, тогаш денес навистина имавме многу „средби“, наведува Муцунски. Во објавата тој реагираше и на користењето на терминот „северномакедонски“ во изјавата на бугарската министерка, оценувајќи го како неточен и несоодветен. -Би сакал да потсетам дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ - истакна шефот на диплома
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.