Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
Општина Штип ќе воведе нови безбедносни мерки во училиштата и на јавните површини, по инцидентот во ООУ „Ванчо Прќе“, каде што беа оштетени смарт табли, компјутери и училишен инвентар, а дел од просториите биле поплавени по намерно оставање отворени чешми. Настанот предизвика реакции кај граѓаните и повторно го отвори прашањето за вандализмот меѓу малолетниците. Според градоначалникот Иван Јорданов, покрај постојниот видео надзор, во училиштата ќе се постават и алармни системи за побрза реакција при евентуални упади и оштетувања. -Целта е навремено да се реагира и да се спречат вакви ситуации во иднина. Алармните системи ќе помогнат полесно да се откријат и лоцираат сторителите, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип. Локалната самоуправа најави и дополнителни патроли преку ангажирање агенции за обезбедување, а безбедносните мерки нема да се однесуваат само на училиштата. Во наредниот период низ Штип ќе бидат поставени уште 190 камери на јавни површини и околу институциите, со цел да се намали оштетувањето на урбаната опрема, парковите и детските реквизити. -Камерите ќе бидат поставени на повеќе локации низ градот и ќе им помогнат на надлежните служби, на МВР, побрзо да гo иде
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.