Сцена како филм ги фатила минувачите во италијанскиот град Белуно кога бездомник, познат како Хајдер, ненадејно излегол со куфер полн со пари и почнал да им дели банкноти од 50 евра на луѓето на улица. Додека едни ги земале парите, други со неверување гледале што се случува и повикале полиција.