На граничниот премин „Богородица“ од вчера има долги колони автомобили за влез во Северна Македонија. Голем број граѓани преку социјалните мрежи револтирано коментираат дека процедурите се одвиваат бавно и дека времето на чекање е и до 4 часа. Километарски колони возила го блокираат прекуграничниот простор, додека од спротивната страна за излез од државата и за влез во Грција сообраќајот се одвива нормално.