По претходно недоразбирање во сообраќајот вчера на улица во скопско Црниче автомобил најпрво удрил во мотоцикл, а откако возачот се подигнал, удрил неколку пати во моторот и уште едно возило, по што возилото го напуштило местото. Случајот во полиција го пријавил 29-годишниот возач на мотоцикл, кој по инцидентот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. ...