Кривични пријави за насилните девојчиња и за нивните родители најави МВР, откако јавноста беше згрозена од видеото на кое се гледа како две малолетнички тепаат 12 годишно девојче, а тоа клекнато на колена им се извинува. Во полициска станица биле повикани и неколку од децата кои навиваат и го поттикнуваат насилството. Немилиот настан вчера во полициска станиница го пријавила мајката на жртвата, а бил извршен и лекарски преглед на тепаното дете. МВР за овој како и за сите останати случаи ги презеде сите оние дејствија коишто се во рамки на негова надлежност, односно најпрвин постапи во насока на разговор со жртвата и нејзиниот родител, потоа беа повикани сите инволвирани во случајот, како оние што имаат преземено директно насилство врз жртвата, така и оние што беа сведоци на настанот, како и за оние кои го документираа, односно го снимаа настанот. Тие дечиња беа повикани и нивните родители. Беше известен јавен обвинител, беше утврдено од страна на надлежен лекар констатирани здравствени прегледи на жртвата и во текот на денешниот ден, во консултација со надлежен јавен обвинител за дел од тие што присуствувале на самиот настан ќе бидат поднесени кривични пријави против оној што испол