Одлуката за воведување ограничување на движењето во шумите не значи целосна забрана за влез на граѓаните во шумските површини, туку воведување задолжителен доказ преку издавање дозволи, објасни директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, мерката е превентивна и има за цел да го намали ризикот од појава и ширење на шумски пожари во период на температури