Воената вежба во Пештер на 13 септември ќе го покаже најмодерното, најмодернизираното и новововеденото оружје со кое располага српската армија. Полковник Звонко Мариќ од Дирекцијата за развој и опремување на Генералштабот на вооружените сили на Србија најави дека во борбениот дел ќе учествуваат 1800 војници и старешини, а логистичка поддршка ќе имаат уште 300 лица.