Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
Годишна инфлација од 3,4 отсто во јуни измери државната статистика. Индексот на цени на мало пак, во истиот период бележи раст од 3,6%. Најголемо зголемување на цените има кај алкохолот и тутунот, над 9 отсто како и кај транспортот – над 6. Храната за една година се продава поскапо за 2,5% . -Ако се споредат бројките со претходниот месец, забележана е дефлација од 0,5 отсто, што преставува позитивен сигнал за стабилизирање на цените и намалување на трошоците за живот на граѓаните, велат од министерството за економија. Намалувањето на цените е евидентирано кај храната и безалкохолните пијалоци, како и кај транспортот, ставки кои имаат најголемо влиание врз семејниот буџет. Од Државниот пазарен инспекторат пак, информираат дека при крај е нивната месечна анализа, а бројките покажуваат дека дел од производите поскапеле од 2,5 до 3%, додека поевтино се продаваат овошјето и зеленчунот. Она што го констатирале инспекторите на терен е дека растот на малопродажните цени не се должи само на на повисоките набавни цени, туку на повисоката маржа кај трговците. Иако набавните цени кај одредени производи се намалиле, продажните останале исти. Таквото однесување маркетите го правдале со зголемени
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.