Во Прилеп денеска се одржа хуманитарната трка насловена „Трка со срце“ кој се трчаше низ прилепските улици. Учесниците трчаа на две патеки, едната долга 5,а другата 10 км. Организатор е Ротаракт Клуб од овој град. Трката се организира за прв пат, а целта е да се упати силна порака за хуманост, заедништво и инклузивност, покажувајќи дека трчањето не е само натпревар, туку и начин да се помогне таму каде што е најпотребно. Сите собрани средства од трката ќе бидат наменети за донација на електромагнетен стимулатор за деца со посебни потреби кои го постуваат Дневниот центар за лица со церебрална парализа. „Ние сме хуманитарна организација и 10-тина членови секоја недела имаме состанок каде што се разговара за можни идеи како може да се соберат донации, за тоа како може да направиме некоја хуманитарна акција. Затоа што маратонот ни изгледаше како најатрактивна идеја каде може да се вклучи цел град, апаратот е неколку илјади евра, требаше да се соберат повеќе пари, се одлучивме за ваква манифестација“, рече Емил Батаклиев, секретар на Ротаракт клуб Прилеп. „Ние се надеваме и целиме кон тоа да оваа трка прерасне во една традиција, да се повторува, бидејќи ни требаат нас на младите и на гр