Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање по повод 35-годишнината од независноста на државата се осврна и на Европската Унија, нагласувајќи дека тој работи во насока да бидеме генерацијата, која ќе ја внесе државата во ЕУ, но додаде дека сите се свесни дека постои еден последен предизвик за да се почне со патот, а за да се надмине потребно да се да се создаде доверба. Мицкоски истакна дека довербата ќе се создаде доколку се прифатат фактите, да се престане со игнорирање на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија, да се стави крај на негирањето на правото на употребата на мајчиниот македонски јазик, да се престане со барањето на корените на македонскиот народ како резултат на одлука на комунистичката коминтерна. Премиерот нагласи дека нашиот пат е европскиот, но на него не може да се прават компромиси за идентитетот, јазикот и културата. -Јас посакувам и јас работам да сме генерацијата која ќе ја внесе државата во Европската Унија. Нема подобра алтернатива за државата, точно е тоа. Но истовремено секој еден од вас треба да знае дека има уште еден последен предизвик, кој што стои пред нас, не за да го завршиме патот, туку за