Ново Село ќе добие модерен пазар вреден над 8 милиони денари
Ново Село ќе добие современ и целосно покриен пазар. Општината започнува проект за реконструкција и модернизација на пазарот во општинскиот центар со што значително ќе се подобрат условите за продажба на земјоделски производи и функционирањето на еден од најфреквентните пазари во регионот. Станува збор за простор од околу 1.700 метри квадратни кој ќе биде уреден според современи стандарди. Од oпштината велат дека инвестицијата е стратешки важна, бидејќи со реализацијата на проектот продавачите и купувачите ќе добијат подобри услови во текот на целата година, без разлика на временските услови. Проектот е вреден околу 8,5 милиони денари, а градежните работи треба да започнат кон крајот на мај или почетокот на јуни. Од локалната самоуправа очекуваат новиот изглед на пазарот дополнително да ја зголеми атрактивноста на Ново Село кое во последните години станува важен шопинг центар не само домашните туку и за голем број жители од пограничните места во соседна Бугарија. Во таа насока се планирани и неколку други инвестиции кои дополнително треба да ја збогатат понудата во општинскиот центар. Според општинските власти, модернизацијата на пазарот би можела да придонесе и за ставање во функц
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.