Животот на Михаил Николаевич Шабунин на прв поглед не навестуваше дека тој е човек кој може да изврши тројно убиство на начин како што се случи на 31 август на стрелиштето „Ческа збројевка“ во Даниловград. Руски државјанин, кој, според локалните медиуми, работел во продавница за спортска опрема, спортувал, патувал, а за време на престојот во Црна Гора правел дрвени предмети и барал работа.