Мис Австрија Луција Шисгиќ, по потекло од Босна и Херцеговина, ненадејно почина на 22-годишна возраст.Веста ја пренесоа речиси сите австриски медиуми, бидејќи семејството и многу пријатели се простија од Луција, која живееше во Виена. Луција е родена и живеела во Виена. Нејзините родители потекнуваат од Босанска Посавина и, иако Луција пораснала во Австрија, таа често ја истакнувала својата поврзаност со регионот.