Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 920, а повредени се над 3.300 лица. Повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати. Спасувачките екипи и граѓаните водат трка со времето за да стигнат до преживеаните. „Досега, повеќе од 4.000 лица беа погодени од катастрофата. Вкупно 383 згради се оштетени, вклучувајќи и едносемејни и повеќесемејни куќи“, рече претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Илјадници луѓе кои останаа без своите домови и стравуваат од дополнителни свлечишта, ноќите ги поминуваат на отворено. Паркот „Али Примера“ во западниот дел на Каракас стана еден од центрите за привремено засолниште каде веќе престојуваат над 300 раселени семејства. „Ќерките ми велеа: „Мамо, извади ме од тука, не сакаме да умреме тука“. Кога видоа дека сите ги напуштаат своите домови, се упатија кон ридот. Не сакав да ја напуштам куќата сама бидејќи криминалците провалуваа во домовите, чекајќи луѓето да излезат за да можат да влезат и да им ги украдат работите“, вели жителка. Волонтери со мотори носат облека, обувки и чаршафи. Сепак, недостигаат основни средства како влажни марамчиња, пелени, душеци и средства за хигиена. Властите упатија апел до г