Договорот меѓу Владата на Србија и унгарскиот МОЛ претставува важен чекор кон решавање на прашањето за иднината на српската нафтена индустрија, но се уште е далеку од конечниот исход, изјави професорот на Машинскиот факултет и поранешен помошник министер за енергетика Милош Бањац.