Шест години откако државата изгради два километри кои не водат никаде, Министерството за транспорт го избра изведувачот на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце, долга 10,5 километри. Изградбата ќе почне летово, а ќе треба да биде готова за три и пол години отсега. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски по средба со претставниците од Европската банка за обнова и развој кажа дека изведувач ќе биде конзорциум предводен од компанијата Гранит. Вели, по подолго време голем инфраструктурен проект добива македонска градежна компанија, што според него, е голем сигнал за градежниот сектор. Иако трасата е кратка, само 10,5 километри, Николоски вели дека станува збор за исклучитечно тежок инфраструктурен зафат. - На него имаме пет тунели, имаме две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40 -тина објекти заедно со помалите објекти. Тоа е еден голем инженерски потфат, голем градителски потфат. Но, ќе докажеме дека како држава можеме да работиме големи проекти, вели Николоски. Автопатската делница треба да го забрза транзитот кон Косово и да се спои на автопатот „Арбен Џафери“ кој ја покрива целата територија на Косово и води до Црна Гора. - На дневна основа многу патници п