Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) на социјалните мрежи сподели црно-бело видео за кое тврди дека го прикажува синоќешниот напад врз Иран. Американската војска изврши напади врз Иран како одмазда за нападот на трговски брод во Ормутскиот Теснец, по што Иран одговори. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето. Клучното прашање сега е: Дали американско-иранската војна повторно ќе се разгори?