ЕУ најавува „есен на проширувањето“, а според очекувањата на Брисел дел од земјите кандидатки би можеле да ги завршат преговорите до 2030. Брисел истовремено се подготвува за прием на нови членки, со реформи во начинот на одлучување и нови заштитни механизми за владеењето на правото. Еврокомесарката Кос од Даблин пред почетокот на Советот за општи работи порача дека ќе се разговара за проширување, но потврди дека постои јаз меѓу земјите членки за постепената интеграција на кандидатите. -Оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“, во две насоки. Едната е подготовката на земјите кандидатки за членство, а другата е она што го правиме внатре во Европската Унија за да се подготвиме за тоа. Ќе разговараме за тоа какви заштитни механизми, односно нова генерација заштитни механизми, би можеле да воведеме за да се осигуриме дека новите земји членки ќе можат да ја почитуваат демократијата и владеењето на правото откако ќе бидат внатре во ЕУ, во следните 5, 10 или 15 години. И четвртата точка ќе биде постепената интеграција. Постои јаз и треба да го премостиме тој јаз меѓу геополитичката неопходност и принципот на заслуги, изјави Кос. Европската Унија разгледува можност во одлучувањето да се п