Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
Дел од маркетите ги зголемиле бруто-маржите за два до пет проценти во споредба со лани, покажале контролите на Пазарниот инспекторат. Поради тоа, Владата ќе ги повика на состанок и ќе побара објаснување за поскапувањата. Премиерот Мицкоски порача дека ваквото зголемување нема да се толерира. „ Да бидам конкретен, со пример. Ако минатата година во јуни месец бруто маржата била 10 проценти, сега е 12 или 15. Тоа се тие дополнителни 2 до 5 проценти и тоа ние нема да го толерираме и многу јасна порака ќе испратиме кон тие. Кога би се намалиле тие 2 до 5 проценти, тогаш практично ние би биле земја со најниска инфлација во Европа во овој момент, иако очекувам стабилизирање на инфлацијата во во јуни месец, многу помала вредност во споредба со со со мај и со со април “, изјави тој. Се анализираат околу 600 основни производи во 74 групи. Се проверува колкава е заработката на секој чекор – од производителите, преку дистрибутерите, до маркетите. По анализата ќе се знае дали ќе има мерки. Извештајот се очекува за околу еден месец. Бидејќи инспекторите споредуваат мај годинава со мај лани, Сител направи анализа на синдикалната минимална кошница за истиот период, со фокус на храната и пијалоците
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.