Истовремено си примале и социјално и пензија. Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности и слабости во системот на остварување и исплата на правата за социјална заштита во Македонија. Најновиот извештај открива дека во 2024 година незаконски биле исплатени најмалку 236 илјади евра на лица кои паралелно си користеле и пензија и социјална помош. Од овие средства 10,7 милиони денари неосновано завршиле кај 190 корисници на гарантирана минимална помош, 3,3 милиони денари биле исплатени по основ на правото на социјална сигурност на 40 стари лица и 426 илјади денари биле доделени како траен надоместок на пет корисници. Ревизијата лоцирала и 11 лица кои оствариле право на социјална помош за стари лица без воопшто да ја исполнат законската старосна граница, со што е предизвикана дополнителна штета од 52 илјади евра. Поради неажурност на интегрираниот информациски систем, кај 12 корисници не биле евидентирани податоците дека веќе примаат паричен надоместок за невработеност, со што буџетот е оштетен за уште 740 илјади денари. Покрај финансиските импликации, извештајот нотира и загрижувачка состојба во поглед на административното управување и инфраструктурата. Ревизорите констатира