Денот на Европа ни го враќа вниманието кон моќта на европската идеја, еден визионерски проект којшто го изгради мирот, единството и стабилноста во континент кој едно време беше поделен од конфликти, се вели во честитката на претседателот на Собранието Африм Гаши по повод 9 Мај - Денот на Европа. - Денес, во време на големи геополитички предизвици и глобални несигурности, оваа идеја останува најсилната гаранција за безбедна, демократска и одржлива иднина за нашите граѓани. Во овој контекст, нагласувам дека проширувањето на Европската Унија ја надминува димензијата на политичкиот процес. Тоа претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и кохезијата на целиот европски континент - наведува Гаши. Република Северна Македонија, се посочува во честитката, останува непоколеблива во својата ориентација и стратегија за европската интеграција, демонстрирајќи постојано институционална одговорност, демократска култура и искрена посветеност на реформите, дијалогот и добрососедството. - Овој пат е политичка аспирација, но и изразување на нашето длабоко убедување дека иднината на земјата природно е дел на европското семејство - вели Гаши. Собранието на Република Северна Македонија