Во сабота, на 16 мај, градот Виница за првпат ќе се приклучи кон „Маршот на ангелите“, настан што се организира во чест на 63-те жртви од трагедијата која ја потресе целата јавност и зад себе остави неизбришлива болка кај семејствата, блиските и преживеаните. Под мотото „За да не се повтори никогаш – за вистинска правда“, учесниците ќе испратат порака дека сеќавањето на загинатите не смее да згасне, но и дека одговорноста за трагедијата не смее да остане само симболична. На последниот „Марш“ во Кочани порачаа дека, ова е повик за вистина, правда и системски промени кои ќе спречат вакви несреќи да се повторат во иднина. -Ние сме на улица, не затоа што сакаме хаос, туку затоа што правдата ја претворивте во неправда. И запомнете, ниту една функција не трае вечно, изјави Александар Наунов, родител на загинато дете. Собирот е закажан за 16:45 часот на плоштадот „Ангел Винички“, додека почетокот на маршот е планиран за 17:05 часот. Од таму, граѓаните ќе маршираат низ градот во знак на почит кон згаснатите животи и како поддршка за сите семејства што и денес се соочуваат со последиците од трагедијата. Повеќе од 500 повредени и преживеани сè уште ги чувствуваат физичките и психолошките пос