Амбасадата на Италија во Приштина соопшти дека во согласност со Регулативата (ЕУ) бр. 1157/2019, италијанските лични карти во хартиена форма (CIC) ќе престанат да важат од 3 август 2026 година, без оглед на датумот на истекување наведен на документот. Во објавеното соопштение се нагласува дека овие документи повеќе не ги исполнуваат безбедносните барања на Европската унија за идентификација и патни исправи.