Македонската армија е модерна сигурна и целосно компактабилна со НАТО стандардите, ова е заедничката оцена по денешната посета на Врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа. Покрај високите оценки за пешадијата и специјалните единици, воениот врв ги прецизираше и следните чекори во модернизацијата, каде што покрај возилата Страјкери деновиве пристигна и првата пратка од француските ПВО системи Мистрал3. Генералот на НАТО порача дека во услови на глобални предизвици, кохезијата останува најсилното оружје на Алијансата. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа Категорија: Македонија