Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
Нов повик на премиерот Мицкоски до опозицијата да го одблокира носењето на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда поврзана со ЕУ. Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена, за да се постигне политички консензус, да ги прифати сите барања на опозициските СДСМ и Левица, освен црвената линија за електронско гласање на дијаспората. - „Навистина жалам, нашата порака беше јасна: Кажете сѐ, сѐ ќе прифатиме, но наша црвена линија е гласањето на дијаспората, бидејќи дијаспората мора да се чувствува поврзана со својата татковина, затоа што наша цел како Влада е, еден ден таа дијаспора да си ја вратиме дома. Се надевам, конечно Коалицијата СДСМ – Левица ќе се осмелат, ќе ги остават своите политички мотиви, ќе се вратат во Парламентот, сѐ уште има време и оваа реформа да ја испорачаме. Јас сум убеден дека политичките интереси ќе ги остават на страна и ќе ги стават како приоритет националните интереси.“ Засега без одговор од власта, пак, е вчерашниот предлог на лидерот на СДСМ, Филипче, да се формира експертска работна група која ќе работи на предлогот за дијаспората, бидејќи и онака тие одредби треба да се применуваат од 2029 година. Но, и покрај повикот на Мицкоски, опозициски
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.