Топлотните бранови - кои лекарите ги нарекуваат „тивок убиец“ - стануваат се поинтензивни и почести како што планетата се загрева. Тековниот бран на екстремни горештини веќе однесе 42 животи само во Франција - луѓе се удавија во обид да се разладат, додека рекордите се уриваат низ Европа. Топлотниот бран пристигна во Србија и ќе трае во наредните седум дена.