Се потврди дека се невистина тврдењата на СДСМ, затоа што нема мигранти во државава, но ќе има брза пруга, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање до каде се проектите за финансирање со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Студиите за брзата пруга на Коридор 10, како што рече, треба да бидат готови најдоцна до јули, по што следува постапка за закон во Собранието и од есен и на терен да се почне со принципот „жолт фидик“. - Ако мислите на Коридорот 10, беа нашите партнери од Велика Британија, беше и потенцијалниот заемодавател, беа претставници од UK Export Finance*. Разговаравме и во Владата, и во Министерството за транспорт и во Министерството за финансии. Физибилити студијата што ја прави Министерството за транспорт и студијата за оценка на влијанието врз животната средина треба да бидат завршени отприлика овој месец, а најдоцна да речеме во јули. Ако биде сè како што треба, потоа одиме со закон во Парламентот и, здравје Боже, таму од есен можеме и на терен да отпочнеме по принципот на „жолт фидик“. И нема мигранти, и нема неуспешни баратели на азил како што гледате, и повторно се потврдија невистините коишто доаѓаат од СДСМ дека се