Мицкоски по повод 9 Мај: Не смееме да дозволиме подвигот на загинатите борци да биде заборавен или релативизиран
Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека не смееме да дозволиме подвигот на илјадниците борци кои ги положија своите животи за слободата која ја живеме денес да биде заборавен или релативизиран. - Во годините на Втората светска војна, македонскиот народ, рамо до рамо со своите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци, застана на вистинската страна на историјата. Илјадници борци ги положија своите животи за слободата која денес ја живееме. Тие не се бореа само против окупаторот. Тие се бореа за правото човекот да живее слободно, да говори на свој јазик, да го чува своето име и да верува во иднината, истакна денеска премиерот Мицкоски, во обраќањето на свеченоста што се одржува пред Владата. Денес, потенцираше, кога се поклонуваме пред нивната жртва, не смееме да дозволиме нивниот подвиг да биде заборавен или релативизиран. Слободата никогаш не е подарок. Таа е избор, жртва и одговорност. И колку тоа некој да сака да го сокрие или прескокне, нашите предци беа на исправната страна на историјата. Имаше и такви челници на народи кои тоа не беа. Беа непријатели во оваа битка и низ нишан се гледаа
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.