Во Собранието заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование. Потпретседателката Весна Бендевска рече дека пратениците дополнително ќе бидат известени кога ќе се гласа за оваа точка, на што реагираше координаторката на Европскиот фронт, Рина Ајдари од ДУИ. Таа праша зошто не може да се гласа, кога има кворум. Притоа побара да се утврди бројот на пратеницитете во салата и законските измени да бидат ставени на гласање или, во спротивно, како што напомена, да биде дадена пауза од еден час. Бендевска објасни дека се повикала на првиот став од член 70, според кој, претседателот може, по расправата, да утврди дека дебатата завршила, а за гласањето пратениците да бидат дополнително известени. -Вашите аргументи не држат. Ќе се навратам на член 101 од Деловникот, според кој, Собранието може да одлучи ако е присутно мнозинството пратеници. Барам да бидат избрoени пратениците и точката да ја ставите на галасање. Барам еден час пауза ако тоа не го направите, потенцира Ајдари. Бендевска потоа даде пауза од еден час. Претходно, повикувајќи се на член 74, став 5, информира и дека Собранието ќе продолжи со работа и по 18 часот. Во текот на расправата за законските измени за о