Преглед на вестите од светот
Петар Маѓар положи сцвечерна заклетва како нов Премиер на Унгарија, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. На свечената церемонија во Парламентот во Будимпешта, за прв пат по 10 години беше истакнатао знамето на ЕУ. Новиот премиер најави дека негов главен приоритет ќе биде обновување на односите со Брисел. Грчките власти истражуваат сериозен безбедносен инцидент откако кај островот Лефкада беше пронајден воен морски дрон, заглавен во крајбрежна пештера. Дронот го забележале рибари. Извештаите во грчките медиуми велат дека дронот носел експлозиви, и дека неговиот мотор сеуште работел кога бил откриен. Извештаите исто така сугерираат дека дронот може да биде произведен во Украина, или поврзан со тековната војна меѓу Русија и Украина. Фото за вовед: Видео: svet.mp4 Категорија: Свет Новинар: Емилија Штерјов
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.