Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е невозможно да се замисли ниту еден процес од превенција, преку дијагноза, па сè до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства, изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешното одбележување во Скопје на Неделата на сестринството, што е од 5 до 12 мај. Петти мај се одбележува како Ден на акушерките, а 12 -ти како Меѓународниот ден на медицинските сестри. Настанот е во организација на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија. -Периодов Министерството е посветено на зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи и само за два месеца направивме силен исчекор со вработување над 1.250 лица во јавноздравствениот сектор, а голем дел од нив се токму медицински сестри. Со ова, праќаме порака дека државата ја вреднува вашата работа, вашиот труд и вашата посветеност. Во делот на финансиска стимулација, минатиот месец го потпишавме Колективниот договор со Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, за покачување од седум отсто со мартовската плата, а потоа имаме утврдена динамика и