Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
Насилството не може да се решава само кога ќе се случи инцидентот, туку преку навремена превенција, функционални механизми за заштита и активно вклучување на учениците, беше нагласено денеска на панел дискусијата „Ученички активизам за безбедни училишта“, организирана во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, соопшти Меѓаши. На панелот претставници на институции, училишта, граѓански организации и ученици дискутирале за потребата од системски и интегриран пристап за создавање побезбедни училишта. Проектот досега опфатил повеќе од 8.000 ученици преку поддршка на активности на ученичките организации, превенција од насилство врз децата и интеркултурно образование. Во рамки на проектот, 50 основни и средни училишта развиле политики и механизми за заштита на деца, кои веќе активно се применуваат во пракса. Повеќе од 1300 наставници и стручни соработници биле вклучени во обуки и работилници за препознавање и справување со насилство, додека над 2.000 родители биле опфатени преку активности за подигнување на свеста за нивната улога во заштитата на децата. -Проектот придонесе и кон интегрирање на темите за заштита на децата, ненасилна комуникација и безбедна училишна сре
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.