Битни се многу работи во општетството, а оттааму и во политиката, но образованието и здравството се најголем приоритет затоа што оставаат последици на најголем број луѓе и на најдолг период. Од тие две области потоа следуваат последиците во економијата, судството, индустријата, одбраната на државата и се друго. Секако, и последици врз културата која е карактер на општеството.