Турската полиција приведе 22 лица, меѓу кои и неколку познати личности од филмската и музичката индустрија, како дел од истрагата за сомнителни прекршоци за дрога и проституција во Истанбул, јавуваат локалните медиуми. Меѓу приведените се наведува дека се пејачот Кенан Догулу, познатата турска актерка Берен Саат, музичарот Озан Догулу, актерот Енис Арикан, пејачот Бердан Мардини итн.