Шефот на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Дирк Шубел, по преземањето на функцијата ја одржа првата средба со заменичката на претседателот, Албулена Хаџиу. На оваа средба, како што соопшти Канцеларијата на ИО, се разговарало за стратешката цел за членство на Косово како мултиетничка и просперитетна држава во ЕУ. За постигнување на оваа цел потребно е партнерство, конструктивен пристап и целосно искористување на можностите што ги нуди“, се наведува во соопштението.