Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
Првичната пријава за незаконскиот поткуп потекнува и е на иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за поткуп и лицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, информираат од Владата во врска со случајот со притворениот возач и нагласуваат дека целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата. -Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда – се вели во соопштението од Владата. Од Владата информираат дека на 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани. -Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако претходно засновало работен однос по примерот на сите останати институции во Слу
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.