Смртта на полковникот Владан Косиќ Кос ги потресе воздухопловните кругови, но и ја потсети јавноста на една од најфасцинантните биографии на овие простори. Долгогодишен припадник на државната безбедност и поранешен командант на хеликоптерската единица на МВР на Србија, Ќосиќ беше човек чија кариера наликува на најнапнати филмски сценарија, обележани со учество во најтајните и најризичните операции на Балканот.