Шведскиот метод познат како „döstädning“, односно чистење пред смртта, стана сè попопуларен ширум светот во последниве години. Иако неговото име звучи мрачно и донекаде морничаво, суштината на оваа филозофија е сосема поинаква - целта е еден ден да оставите што помалку грижи и непотребни оптоварувања на вашите најблиски.