Шумските предели во државата добиваат нов, деноноќен чувар. Преку пилот-проект во соработка со домашна компанија, Центарот за управување со кризи започна со инсталирање на систем за рана детекција на шумски пожари. На стратешки локации низ земјава веќе се поставува мрежа од околу 50 интелигентни камери, чија примарна задача е да го забележат огнот во неговата најрана фаза. - Во оваа просторија не спие никој. Овие екрани зад мене се новите 'очи' кои 24 часа ги скенираат критичните подрачја во државата. Наместо да се чека случаен минувач да пријави чад, овие паметни камери ротираат за 360 степени. Доколку се појави дури и најмал пламен на некоја планина, системот автоматски се закочува на таа локација, а тука во центарот – веднаш светнува аларм за итна реакција. Системот работи целосно автоматски. Веднаш по детекцијата на чад, дежурните оператори во ЦУК добиваат известување преку е-пошта и порака, а во тек е и имплементација на звучен предупредувачки аларм. Пожарот им помогнал на службите и во пожарот кај велешко. Директорот на ЦУК вели дека Хрватска е успешен пример за овој успешен проект. Овој пилот-проект треба да послужи како темел за создавање на национален, ефикасен систем кој