Ако Chat Gpt според Вашиот промпт ќе искреира фотографија за на веб-портал, или Gemini создаде видео кое потоа ќе биде емитувано на некој канал, а притоа Вие не напишете дека е креирано со вештачка интелигенција, сте го прекршиле етичкиот кодекс на новинарите. По 25 години, медиумските работници добиваат нов кодекс, или како што велат неговите основачи, договор меѓу јавноста и новинарите. За првпат во него се ограничува користењето на AI. Во кодексот се наведува дека новинарскиот производ не смее да претставува целосно генерирана содржина од вештачка интелигенција, но и дека создавањето новинарска содржина со вештачка интелигенција мора да биде јасно означено. „Новинарите не се против технологијата. Напротив, сфаќаме дека вештачката интелигенција е и ќе биде се поприсутна во редакциите. Таа може да помогне многу да се анализираат документи,да се преведуваат деск текстови, да се транскрибираат интервјуа. Меѓутоа, вештачката интелигенција никогаш нема да биде новинар“, изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ. Основните вредности на новинарството и во 2000-тата и денеска не се менуваат. Вистината, проверката на фактите, независноста јавниот интерес и одговорноста кон граѓаните пр